Женската кадетска репрезентација на Македонија со триумфот над Исланд во финалето на ЕХФ шампионатот обезбеди три големи натпреварувања – ЕП за кадетки, младинки и СП за кадетки.
Кадетките беа на прием кај раководството на РФМ, а претседателот најави подароци и премија за ракометарките и стручниот штаб.
Секоја од ракометарките и членовите на стручниот штаб ќе добијат еднократна парична премија од 31.000 денари.