Пелистер и Шампион се надигруваа 60 минути, на крај освоија по еден бод

Натпреварот во рамки на 11. коло од Женската лига меѓу екипите на Пелистер и Шампион заврши без победник, 27:27 откако и двата состави добија по едно полувреме. Ваквиот резултат можеби е најреален исход со оглед на тоа дека двете екипи имаа свои моменти во текот на натпреварот.

Иако, избраничките на Слободан Чивлачки имаа добар старт и водство од 2:1, ракометарките на Пелистер влегоа во добар ритам и почнаа да градат своја предност која не беше доволно сигурна за поволен резултат. Гостинките преку Георгиевска и Димитриевска полека се враќаа во игра и во последниот дел од првото полувреме беа подобар противник на теренот. При резултат од 13:12 за Шампион, избраничките на Слободан Чивлачки направија серија од 3:0 и на пауза заминаа со четири гола предност, 16:12.

Вториот дел донесе понеизвесна борба, посебно во последните петнаесетина минути. Водството на Шампион до 48. минута беше од три до четири гола разлика. Во 42. минута, една од носителките на играта во Шампион, Симона Димитриевска заработи црвен картон поради груб прекршок. Пелистер почна сериозно да фаќа приклучок и на дваесетина минути пред самиот финиш дојде до израмнување на резултатот, 23:23.

При резултат од 24:24, домаќинките направија пресврт и го презедоа водството за 25:24. Последните пет минути донесоа егал завршница. Следуваше период кога и двете екипи имаа минимално водство од еден разлика, а ракометарките на Шампион не успеаја во последните петнаесетина секунди да дојдат до погодок, па така натпреварот заврши без победник.

Најефикасна на натпреварот беше ракометарката од Шампион, Ана Георгиевска со осум погодоци. Во Пелистер се истакнаа Драгана Милосављевиќ, Кристина Наумовска и Марија Јанкуловска со по седум погодоци.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ24231070
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА25211364
3ЧАИР24201361
4ВАРДАР25201461
5КУМАНОВО25190657
6СТРУЖАНКА251211237
7ПЕЛИСТЕР 2012241011331
8ДЕСПИНА251011431