Последниот меч од разигрувањето за пласман во „Купот на Претседателот“ на СП 2023 на клупата на Македонија нема да биде еден од тренерите, Аце Јоноски. Тој не беше на клупата ниту на дуелот со Мароко што го добивме со 40-25, што беше наш втор триумф на ова СП.
Нашиот поранешен репрезентативец кој сега е во Германија, е дел од стручниот штаб на Македонија, и беше „официјален претставник А“. Според информациите од Полска, тој вчера морал да замине итно за Германија поради семејни причини. Поради тоа не беше на мечот. Нема да се врати ниту за последниот меч против Јужна Кореја.
На средбата со Мароко на клупата беа само селекторот Кирил Лазаров, неговиот помошник Билјана Црвенковска, тренерот на голмани Ице Соколески, плус двајцата физиотерапевти Тоше Трајковски и Небојша Василевски.
И во 2016 година имавме случај кога тренерот Данило Брестовац замина сред ЕП, а тогаш селектор беше Ивица Обрван. Во 2018 кога селектор беше Раул Гонзалес, повторнона сред ЕП замина Роберто Парондо кој мораше да се врати на клупските обврски во ЖРК Вардар.