Белорускиот репрезентативен лев бек Владислав Кулеш нема да го одработи до крај договорот со полскиот првак Келце.
Иако тој важи и за сезоната 2022/23, сепак Кулеш ќе го напушти тимот по завршувањето на тековната сезона.
„Кулеш заминува од Келце. Тој е добар дечко, се надевам дека ќе ја најде среќата на друго место“, објасни претседателот на Келце, Бертус Сервас.
Неколку пати пред стартот на новата сезона Сервас изјавуваше дека не е задоволен од игрите на Кулеш, исто така белорускиот бек добиваше често критики и од Талант Душебаев, па очигледно не успеа да го поправи впечатокот и заминува една година пред истекот на договорот.
На негово место ќе игра Халил Јагањац од Нексе, кој се обврза на тригодишна верност.