Келце им најде „друштво“ на Турна и Каралек

Раководството на полскиот шампион Келце продолжува со ангажирање на млади и талентирани играчи. Последното засилување за наредната сезона е пикерот на младинската репрезентација на Полска, Себастијан Качор.

Младиот 18-годишен ракометар игра во полското првенство во екипата на Гдањск, а од летово ќе биде играч на Келце. Во новиот клуб имаат голема доверба во младиот ирач а тоа го потврди и претседателот Бертус Сервас.

„Склучивме договор со играч кој според нашето мислење е во состојба да достигне највисоко европско ниво. Заедно со тренерот Талант Душебаев веруваме во разовјот на талентираниот играч“, изјави Сервас по потшишувањето над оговорот.

Се очекува Качор да биде замена на пикерската позиција за Хулен Агинагалде кој заминува на крајот од сезоната, а францускиот интернационалец Никола Турна ќе биде замена за Ромарик Гуијо, кој исто така ќе го напушти клубот.