Ракометарот на Астраион, Мите Караиванов е играчот кој успеа да стигне до вкупно 96 гола на 12 средби и имаше просек од рамно осум гола по натпревар во есенскиот дел од сезоната со што се најде далеку пред конкурентите.
Во топ 3 се уште две крила, а се работи за Мајиќ и Чантурија кои, сепак, останаа зад Караиванов со 17 односно 19 гола .
Меѓу ракометарите во продолжение се наоѓаат најефикасните 50 во овој дел од сезоната така што може да се види кои играчи погодуваа најмногу во двете групи од Супер машката лига.
Во Топ 10 место имаше за двајца играчи на Младост 1977, додека другите осум се од различни екипи.
Сепак, според она како се играше Караиванов немаше многу конкуренција, па на тој начин тој сосема заслужено беше лидер. Ова е одлично за него ако се знае дека Илиев и Палевски во минатите сезони беа речиси без конкуренција.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ