ИДЕАЛЕН ТИМ НА 6. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиотдел од сезоната.

За разлика од лани годинава има 12 екипи, а играат и Вардар и Еурофарм Пелистер. Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за пласман во плеј-офот каде ќе играат шест екипи. Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари.

Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото. Ќе можете да гласате до петок до 12 часот.

Според Вас, кој ракометар го одбележа шестото коло од машката Суперлига?

Марко Митев-лево крило- (Бутел Скопје)
45.47%
Милан Ѓукиќ-десно крило-(Еурофарм Пелистер 2)
39.94%
Стефан Дрогришки-лев бек-(Тиквеш)
5.53%
Марко Кизиќ-голман-(Еурофарм Пелистер)
3.21%
Куни Моралес-десен бек-(Вардар 1961)
2.25%
Михаил Аларов-пивот- (Пролет)
2.00%
Јосип Периќ-централен бек-(Еурофарм Пелистер)
1.60%

РЕЗУЛТАТИ ДО 6. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

СТРУГА – ПРОЛЕТ 21:24 (ИЗВЕШТАЈ)

ВАРДАР – МЕТАЛУРГ       38:30 (ИЗВЕШТАЈ)

ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР          25:27 (ИЗВЕШТАЈ)

РАДОВИШ – БУТЕЛ СКОПЈЕ      21:22 (ИЗВЕШТАЈ)

СКОПЈЕ 2020 – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2        24:29 (ИЗВЕШТАЈ)

ТИКВЕШ – ПРИЛЕП          34:27 (ИЗВЕШТАЈ)

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 1961770021
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР760118
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2750215
4БУТЕЛ750215
5ПРОЛЕТ750215
6ОХРИД740312
7ТИКВЕШ 201473049
8ПРИЛЕП73049
9МЕТАЛУРГ72056
10СТРУГА71063
11РАДОВИШ71063
12СКОПЈЕ 202070070

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 6. КОЛО ОД СУПЕР МАШКА ЛИГА

ГОЛМАН: Марко Кизиќ (Еурофарм Пелистер) – Голманот на тимот од Битола имаше добра партија во второтополувреме кога со неколку одбрани успеа да го запре противникот во налетот и да донесе пресврт.

ЛЕВО КРИЛО: Марко Митев (Бутел Скопје) – Иако станува за играч на позицијата бек, на овој дуел против Радовиш играше како лево крило во отсуство на Мирко Мајиќ. Се покажа во одлично издание и постигна осум гола.

ЛЕВ БЕК: Стефан Дрогришки (Тиквеш) – Со девет гола беше лидер на стрелците на тимот од Кавадарци. Тој имаше клучна улога во победата против Прилеп.

СРЕДЕН БЕК: Јосип Периќ (Еурофарм Пелистер) – На тешката средба против Охрид тој мораше да потегне силно во моментите кога беше најпотребно. Го одржуваше тимот на ниво и го поведе кон победа.

ДЕСЕН БЕК: Куни Моралес (Вардар) – Кубанецот во Вардар ја одржува формата на високо ниво. Постигна седум гола и беше меѓу подобрите во победата против Металург.

ДЕСНО КРИЛО: Милан Ѓукиќ (Еурофарм Пелистер 2) – Немаше придонес како на претходните дуели, но одработи солидна средба против Скопје. Постигна четири гола.

ПИВОТ: Михаил Аларов (Пролет) – Екипата на Пролет победи уште еднаш, а на гостувањето во Струга пивотот Аларов имаше одличен натревар. Одработи добро и во одбрана и во напад. Средбата ја заврши со пет гола.