Пролет ја освои Струга и се израдува на нови бодови

Ракометарите на Пролет дојдоа до три бода на гостувањето кај тимот на Струга со 24:21 откако во завршницата од средбата имаа повеќе концентрацијата и не дозволија да има ништо непредвидено односно одработија многу подобро во клучните моменти кога реализираа без грешка.

Од почетокот на натпреварот стана јасно дека на оваа средба победникот нема да биде решен рано и дека ќе има долго надигрување. И двете екипи се менуваа во водство во првите неколку минути со оглед на тоа што После водството на Пролет од 4:2, стружани дојдоа до предност од 7:5.

Малку после ова одново гостите направија пресврт и поведоа со 8:7, а до крајот на првиот дел стигнаа и до плус четири при што имаа предност од 13:9. Сепак, на одмор се замина со 14:11 така што Пролет имаше резултат кој даваше можност да се обезбеди убав резултат во продолжение.

Првите неколку минути од второто полувреме донесоа одново предност за составот на Пролет, кој остана во плус од 2-3 гола. Сепак, како одминуваше времето така тимот на Струга успеваше да фати приклучок и дојде на еден погодок разлика.

Во завршницата беше прашање на концентрација и секој напад беше испит за двата тима. Во една таква игра каде што не смееше да има грешки и секој шут беше максимално важен мораше да се одработи најдобро што може ракометарите на Пролет имаа повеќе од играта и дојдоа до погодоци со кои финишираа со триумф.

На крајот 24:21 за Пролет кој продолжува со победите и го задржува високиот пласман на табелата во Супер машката лига.

9 октомври 2021
21 - 24
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
9 октомври 2021 17:27 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 09.10.2021 60'

Место

Спортска сала Тими

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
СТРУГА1121Пораз
ПРОЛЕТ1424Победа

СТРУГА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Дамјан Тутенковскиголман00
2Петар Маркоски-03
3Славе Јанковскилево крило10
4Христијан Крстаноскилев бек02
5Бобан Савески-00
6Филип Пајкоскипивот00
7Бобан Блажескидесно крило02
9Пеце Ѓорѓиоскипивот21
11Тодор Јанкулоскидесно крило00
13Петар Ферукоскипивот00
19Жарко Барјактаревиќдесен бек05
20Ивица Дукоскицентрален бек00
22Владан Кастратовиќцентрален бек04
24Ненад Костоскилево крило01
25Никола Цветаноскилев бек13
 Вкупно 421

ПРОЛЕТ

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Михаил Аларовпивот15
7Бојан Маневцентрален бек00
8Дејан Пецаковскилев бек06
10Стефан Доневпивот00
11Виктор Додевскидесно крило00
12Матеј Ивановскиголман00
13Мартин Димовдесно крило03
15Ласко Андоновскицентрален бек02
16Андреј Петковскиголман00
18Иван Џоновлев бек13
19Доне Мајновдесен бек01
23Ѓорѓе Голубовиќдесен бек12
24Јован Фичорскицентрален бек00
33Јане Цветковскиголман00
71Давор Палевскилево крило01
99Жарко Пејовиќцентрален бек01
 Вкупно 324

Officials

Судии:Делегат:
МИТРЕВСКИ ДИМИТАР
ТОДОРОВСКИ БЛАГОЈЧЕ
ОГНЕНОВ ИГОР

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515