Тиквеш конечно до победа: Андоновски се врати со триумф против Прилеп

Екипата на Тиквеш дојде до втората победа сезонава, а триумфот против Прилеп беше обезбеден со резултат 34:27 и со старо-новиот тренер Горан Андоновски.

Тиквеш беше подобриот противник во поголемиот дел од натпреварот така што успеа да се избори за три бода од оваа тешка средба на која во текот на сите 60 минути имаше добар ракомет.

Уште во првото полувреме стана јасно кој ќе дојде до победа на оваа средба откако при 4:5 почна пресвртот. Тогаш работите се свртеа бидејќи набрзина составот на Тиквеш дојде до 11:6 и потоа оваа предност се одржуваше.

Во финишот на првото полувреме дојде до опуштање, а Прилеп намали. На одмор кавадарчани заминаа со 15:12, а овие три гола не беа гаранција за триумф.

Она што беше испуштено во финишот на првиот дел задаваше грижи добар период од второто полувреме. Прилепчани успеваа да се одржат во ритам, но не и да направат нешто повеќе. Не успеаја да намалат повеќе од три гола, па во финишот домашните зададоа нов удар и зголемија на безбедни шест гола, 28:22.

Тука требаше само да се одржи предноста и да се завери победата. Тоа стана и повеќе од јасно при 32:25 така што до крајот од средбата беа зачувани овие плус седум за нови бодови на Тиквеш и враќање на патеката која беше планирана пред почетокот на сезоната.

10 октомври 2021
34 - 27
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
10 октомври 2021 20:29 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 10.10.2021 60'

Место

СЦ „Јасмин“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ТИКВЕШ 20141534Победа
ПРИЛЕП1227Пораз

ТИКВЕШ 2014

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Александар Стојаноскиголман00
3Дарко Кондевлево крило12
9Орданчо Лазовлево крило00
10Стефан Дрогришкилев бек29
12Марјан Велковголман00
14Марио Гичевцентрален бек00
15Борче Соколовцентрален бек10
17Никола Стефановиќпивот12
18Евгениј Темелкоскидесно крило05
19Дејан Гошевскидесен бек13
22Стефан Трпчевскидесен бек07
26Ристо Окардовпивот00
33Страхиња Симиќцентрален бек06
44Марко Трајковскипивот00
77Јане Јанчевцентрален бек00
 Вкупно 634

ПРИЛЕП

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Александар Тренчевскипивот23
5Лео Дамчевски-02
7Хазеин Рустамовлево крило03
9Христијан Бикоскилево крило01
12Иван Ангелескиголман00
17Хари Павловдесен бек01
18Давор Шокоскилев бек00
19Антонио Бурчевскипивот00
21Стефан Лозаноски-00
22Мартин Карафилоскипивот00
23Реваз Чантуријадесно крило08
27Христијан Милошевскилев бек08
33Стефан Христоскиголман00
34Мириан Гавашелишвилилев бек10
77Зураб Цинцадзеголман00
90Даниел Андоновскилев бек01
 Вкупно 327

Officials

Судии:Делегат:
ВУКАШИНОВСКИ АЛЕКСАНДАР
ТРАЈКОВСКИ МИРКО
КАМИШЕВСКИ ДУШКО

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515