Раководството на Германската ракометна федерација донесе одлука Бундес лигата во женска конкуренција да заврши порано од предвиденото.
Причината за ваквата одлука е веќе добро позната и е во Корона вирусот. Поради тоа веќе се откажани сите дуели до крајот на сезоната, па нема да има доигрување така што останува сè исто како пред паузата.
Воедно донесена е одлуката да нема екипи кои ќе ја напуштат лигата, ниту, пак, некоја екипа од Втората лига ќе влезе во Првата. Според тоа е дефинитивно јасно дека и во следната сезона составот на екипите ќе биде ист како и оваа.
Нема да биде одиграна ниту завршницата на Купот на Германија во женска конкуренција која беше закажана за 23 и 24 мај во Штутгарт. Постои можност истиот да се одигра подоцна.