Египет за историја на ОИ – Прва африканска и после 33 години, прва неевропска екипа во полуфинале

Репрезентацијата на Египет со еден удар направи две големи работи на Олимписките игри бидејќи сопобедата од 31:26 против Германија обезбедија место во полуфиналето, но ќе биде запишана во историјата на игрите во две табели.

Египет е првата селекција од Африка на која и успеало да се најде меѓу најдобрите четири репрезентации. Дури и да не успее да дојде до медал ќе биде запишана дека е меѓу полуфиналистите.

Воедно пласманот во полуфиналето ќе биде запишан и како прв на неевропска селекција после пауза од дури 33 години. Тогаш домаќинот на игрите, Јужна Кореја во Сеул успеа да стигне до финалето каде што претрпе пораз од репрезентацијата на поранешниот СССР со 25:32.

Практично Египет и Јужна Кореја се само двете неевропски репрезентации кои на 14 Олимпијади на колку се одржува ракометниот турнир успеале да стигнат до место во полуфиналето.

Дали Египет ќе биде подобар од Кореја или ќе го повтори успехот ќе се знае в четврток и в сабота кога треба да се одиграат полуфиналните и финалните натпревари.

Роберто Парондо со нов успех, го однесе Египет во полуфинале на ОИ