Со денешниот дуел меѓу екипата на Скопје и вицепрвакот на Македонија ќе стартува новата сезона во македонската елита.
Тимот предводен од Оливер Димитриоски ќе се обиде да покаже квалитетен ракомет против амбициозниот тим на Кире Лазаров, кој во новата сезона има и две странски засилувања.
Останатите суперлигашки дуели ќе се одиграат на 9 и 10 септември, додека дерби дуелот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер е презакажан за 17 септември во СЦ „Јане Сандански“.
Дебитанти во новата сезона ќе бидат екипата предводена од Иван Марковски и Аеродром, кои се единствените тимови во суперлигашката конкуренција заедно со Голден Арт и Скопje кои располагаат само со домашни играчи.
Во минатата сезона титулата во домашниот шампион ја освои Еурофарм Пелистер, втор беше тимот од Автокоманда, Вардар го освои третото место, на 4. позиција заврши Тиквеш…
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
15:30 АКБУЗАТ – ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ (РУСИЈА)
15:30 ДИНАМО – СТАВРОПОЛ (РУСИЈА)
15:30 САРАТОВ – САНК ПЕТЕРБУРГ (РУСИЈА)
16:30 ВАЛЧЕА – ГЛОРИЈА БУЗАУ (РОМАНИЈА)
17:00 ДИНАМО БУКУРЕШТ – БАКАУ (РОМАНИЈА)
17:30 ЛОКОМОТИВА – СЕСВЕТЕ (ХРВАТСКА)
17:30 КАУСТИК – ЦСКА (РУСИЈА)
18:00 ЗАГРЕБ – МОСЛАВИНА (ХРВАТСКА)
18:15 ФТЦ – СЕГЕД (УНГАРИЈА)
18:30 AРХУС – ВИБОРГ (ДАНСКА)
19:00 СКОПЈЕ – АЛКАЛОИД (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ДОБОВА – ОРМОЖ (СЛОВЕНИЈА)
19:00 АЛПЛА ХАРД – ХОЛАБРУН (АВСТРИЈА)
19:00 НИКОБИНГ – СКАНДЕРБОРГ (ДАНСКА)
19:00 РИНКОБИНГ – БЈЕРИНГБРО (ДАНСКА)
19:00 ТУЛОН – НАНТ (ФРАНЦИЈА)
19:15 СЕНСОН – САРАН (ФРАНЦИЈА)
20:00 ГРАНОЉЕРС – НАВА (АСОБАЛ ЛИГА)
20:30 НИЦА – ПАРИЗ (ФРАНЦИЈА)