Делиоска ја водеше Стружанка до победа во Свети Николе

Ракометарките на Стружанка ја остварија четвртата победа во групата Б од Женската лига откако беа поуспешни во 11. коло од Овче Поле СУ со 28:25 на гостински терен.

Стружанка отвори со 3:1 и во продолжението успешно го одржуваше водството. Овче Поле се обидуваше да ја стигне негативата, но постојано беше два или три гола во заостанување. На полувреме резултатот беше 12:14.

Во вториот дел Овче Поле рано остана без една од најдобрите ракометарки, Елена Вучевска која заработи трето исклучување и црвен картон. Стружанка рано стигна до до одлична предност од 21:15 со што беше блиску до триумф. До крај на натпреварот Овче Поле само го ублажи поразот.

Најефикасна во победничкиот тим на Стружанка беше Магдалена Делиоска со 11 гола, а Далипоска постигна шест гола. Во екипата на Овче Поле СУ најмногу се истакна Наталија Манева со осум погодоци.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР12110133
2МЕТАЛУРГ1290327
3ЃОРЧЕ ПЕТРОВ1280424
4СТРУЖАНКА1270521
5ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.1241713
6СПАРТАК121295
7АСТИБО1201111