Две ракометарки отпаднаа за двомечот со Романија, Ристовска доаѓа утре

Женската сениорска репрезентација на Македонија ги стартуваше подготовките за баражот за Светското првенство, а во двомечот се среќава со селекцијата на Романија в сабота во Букурешт и следната среда во Скопје.

На почетокот на тренинзите има 18 ракометарки, а веќе утре би требало да се приклучи и Сара Ристовска која најави доцнење од еден ден.

Поради позитивен наод на Ковид 19 отсутна е и Јована Кипријановска, додека поради повреди ги нема Јована Саздовска и Марија Штериова. Двете играат во Романија, а Штериова е и оперирана така што тие не се во можност да помогнат. Инаку и двете не беа на списокот со оглед на тоа што не се во можност да играат.

Од приватни причини ќе ја нема Симона Стојковска, која имаше забележителен настап во квалификациите минатиот месец.