Гледајте ВО ЖИВО: Нексе – Еурофарм Пелистер (ЛИНК)

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер денес ќе ја брка првата победа во новата сезона од СЕХА лигата.

Битолчани во второто коло од групната фаза од регионалното натпреварување за ривал го имаат тимот на Нексе.

Еурофарм Пелистер и Нексе беа поразени од актуелниот лидер во групата Б, тимот на Војводина, и двете екипи денес ќе се борат за првите три бода.

Натпреварот меѓу Нексе и Еурофарм Пелистер ќе се одигра со почеток од 18:00 часот.

Пренос ќе има на третиот канал на МТВ, а може да го гледате ТУКА.