Tea PIJEVIC (91) during the Women’s EHF EURO 2020 Norway, Denmark, Main Round, Group II, Croatia vs Romania, Kolding Arena, Kolding Denmark, 10.12.2020, Mandatory Credit © Stanko Gruden / kolektiff

Ги подготвуваa за дома на 9 декември, а тие денес играат полуфинале

Репрезентацијата на Хрватска игра во одлична форма на ова Европско првенство и приредува изненадувања со секој нов натпревар.

Трите победи во првата фаза меѓу кои жртва беше и светскиот првак Холандија придонесоа да се слушне за Хрватките, а потоа добрите резултати и во вториот круг во кој беше загубен само дуелот против Норвешка покажаа дека тие не се случајно во полуфиналето.

„На турнирот дојдовме како аутсајдери, а никој не веруваше во нас. ЕХФ не нарече ‘Кралици на шоковите’. Сите медиуми, навивачите, па дури и коментаторите во салата научија како нашите имиња и презимиња се изговараат правилно. Беше премногу смешно како не нарекуваа претходно. Во хотелот во Колдинг ни имаа ставено датум за заминување и тоа веднаш после првата фаза. Мислам дека стоеше 9 декември. Ниту ЕХФ ниту организаторите не веруваа во нас, но нека не запаметат добро сега“, вели голманката Теа Пијевиќ.

Хрватска утре игра во полуфиналето против селекцијата на Франција, а воедно пласманот меѓу најдобрите четири на ракометарките им овозможи директен пласман за следниот Мундијал, кој во декември во 2021 година ќе се одржи во Шпанија.