Најголемото изненадување во Купот на Македонија годинава го направи Спартак кој со 24-23 го елиминираше тимот на Чаир. Во скопското полуфинално дерби, екипата од Кисела Вода одигра на најдобро можно ниво, имаше водство кое го задржа до крај и покрај неизвесната завршница.
Пивотменот Сара Цветановска, иако доби црвен картон и остатокот на средбата ја следеше од трибините, им даваше силна поддршка на своите колешки.
Искусната кумановка зад себе има три настапи во финалето, и исто толку златни медали. Сега со новиот тим повторно испишува клупска историја, бидејќи Спартак за првпат ќе се бори за Куп трофејот.
„Во Купот нема фаворити, тоа е еден меч. Знаеме кој квалитет го има Ѓорче Петров, но ние не одиме со бело знаме. Јас имам искуство со три настапи во финале со екипи кои биле аутсајдери, сме победувале, вели Цветановска.
Финалето од женскиот куп е закажано за утре, недела во 17 часот во Струмица.
View this post on Instagram






















