Европската ракометна федерација ги потврди термините и саатниците за двомечот од четвртфиналето на Лигата на Европа меѓу Вардар и Монпелје.
Првиот меч на „црвено-црните“ и францускиот тим е закажан за 28 април, вторник, со почеток од 20:45 часот во „ФДИ Арена“ во Монпелје.
Реваншот ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“ на 5 мај со почеток од 20:45 часот, а тогаш ќе биде познат патникот на Ф4 турнирот.
Вардар ќе има напорен распоред и пред првата средба со Монпелје, треба да игра дома со „сино-белите“ од Автокоманда, додека меѓу двата европски меча е македонското „Ел класико“ против Еурофарм Пелистер.
























