Ривалот на Охрид го освои Купот на Словенија, можат ли „гладијаторите“ по истите стапки?

Ривалот на Охрид во полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп, екипата на Целје, го освои 23 трофеј во Купот на Словенија.

Целје славеше во финалето против екипата на Тримо Требње со 36-31, откако претходно во полуфиналето го елиминира актуелниот шампион Слован по ударите од седум метри, 36-35.

Противникот на Охрид го имаше и МВП на турнирот, средниот бек Андраж Макуц, кој беше одличен на двата меча и меѓу најдобрите стрелци.

Дали и Охрид ќе ги „следи“ стапките на Целје, останува да видиме денеска околу 21:30 часот по финалето против Вардар во салата „Парк“ во Струмица.