ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Вардар и Ѓорче по продолжување на доминацијата, Охрид и Спартак по нова историја!

Денеска Струмица и салата „Парк“ ќе бидат во центарот на вниманието на македонската јавност, бидејќи таму ќе се играат финалните натпревари од двете конкуренции во Купот на Македонија.

Од 20:00 часот ќе се игра машкото финале меѓу Охрид и Вардар. Ова е прво финале во клупската историја на „гладијаторите“, додека вардарци ќе играат по 23 пат во битката за трофеј, кој досега го освојувале 17 пати.

Охрид во клупската историја нема ниту една победа над „црвено-црните“, а годинава ги победуваше Еурофарм Пелистер и „сино-белиот“ тим од Автокоманда, па им остана уште да се израдуваат со победа над Вардар.

Претходно од 17:00 часот ќе се одигра и финалето кај дамите меѓу Спартак и Ѓорче Петров. „Лавиците“ имаат досега 18 трофеи, додека Спартак испиша историја со пласманот во битката за трофеј.

На домашна сцена ќе се игра уште еден натпревар од прволигашката конкуренција – Македонија Ѓорче Петров ќе го пречека составот на Аеродром.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

17:00 СПАРТАК – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ (КУП НА МАКЕДОНИЈА)
18:30 МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – АЕРОДРОМ (МАКЕДОНИЈА)
20:00 ОХРИД – ВАРДАР (КУП НА МАКЕДОНИЈА)