Спартак по трофеј и 1.000.0000 денари

Осум години му требаа на Спартак да дојде до своето прво финале и да се бори за првиот ракометен трофеј во Македонија. Денеска од 17 часот ќе се спротистави на „владетелот“ Ѓорче Петров кој тргнува по својата 19. титула.

За Спартак ова е прво играње на Ф4 турнирот во Купот и прво појавување во финалето.

Освен пехарот и медалите, влегувањето во ракометната историја на Македонија, дополнитен мотив е и паричната награда од 1.000.000 денари што може да ја освојат ракометарките на Спартак. Токму изнесува премијата што управата на тимот им ја вети на ракометарките ако триумфираат во Купот.

Тимот од Кисела Вода кој беше формиран во 2018 година сезонава го искористи распадот на Металург, го „собра кремот“ и тргна во бркање на „Европа“. Во Купот му се укажа шанса тоа да го стори уште сега. Донесе повеќе ракометарки и во полуфиналето го елиминираше фаворизираниот тим на Чаир со 24-23.