Некогашниот тренер на Еурофарм Пелистер, Рубен Гарабаја, има нов ангажман и е назначен за селектор на машката репрезентација на Грузија.
Шпанскиот стратег беше без клуб по разделбата со битолскиот тим, а сега го очекува нов интернационален предизвик и доаѓа на местото на Тите Каланадзе, екс ракометарот на Вардар.
Во својата тренерска кариера, покрај Еурофарм Пелистер, Рубен Гарабаја ги водеше Ла Риоха и Уникаха, а има и меѓународно искуство како селектор на женската репрезентација на Кина и како асистент во машката селекција на Египет.
Откако Грузија беше елиминирана од Израел во вториот бараж за СП 2027 година, следен предизвик за Гарабаја и националниот тим ќе бидат квалификациите за ЕП 2028.

























