Новата регонална лига ќе почне од сезоната 2027/2028 година, а Македонија освен што ќе го смени домашниот систем на натреварување за да има доволно термини за играње, ќе има и 4 екипи што ќе се вклучат. Ова е решено на состанокот на Регионалната лига на клубовите одржан во Скопје денеска, на кои присуствуваа сите екипи и претставници на националните федерации. Покрај Македонија во лигата свои екипи ќе имаат и Србија (4 ) и Црна Гора (2 екипи)
Ќе се играат 18 кола и плус ќе има и Ф4 турнир. Секоја држава ќе го прилагоди сопственото првенство според Регионалната лига,а самите треба да решат дали клубовите ќе играат во домашното првенство или не. И Македонија ќе реши дали најдобрите четири тимови ќе играат дома, или пак домашната лига ќе се намали.
Секоја земја ќе пријави кои екипи ќе играат, но најверојатно ќе биде земен предвид пласманот во домашното првенство од сезоната 2026/2027 година. Четири екипи ќе бидат од Македонија, четири од Србија и четири од Црна Гора.Останува можноста лигата да се прошири со други заинтересирани екипи од другите земји.
До почетокот на лигата ќе се одржат по три турнири на кои ќе играат десетте тимови, како загревање на она што треба да следи. Еден турнир е предвиден за Македонија, еден за Подгорица и еден ќе се игра во Белград. Тие се предвидено да траат по десет дена и да се одиграат мечевите.
























