Македонскиот ракомет денеска остана без Душан Микиќ. Беше некогашниот генерален секретар на Ракометна федерација на Македонијa во времето на СФРЈ. Беше претседател на здружението на контролори и делегати, а беше и член на претседателството на Ракометниот Сојуз на Југославија
По осамостојувањето на Македонија и формирањето на Ракометната федерација на Македонија, Душан Микиќ беше на повеќе различни функции. Беше делегат, и Комесар за натпреварување во рамките на РФМ.
Микиќ беше долгогодишен ракометен судија во Првата сојузна лига, од највисокиот степен во СФР Југославија. Има играно и за екипата на Графичар во рамките на тогашната лига на СФРЈ.
























