Вардар и Андреев нема да го раскинат договорот, Русинот оди на позајмица во Мешков Брест!

Рускиот репрезентативен пикер Павел Андреев и македонскиот шампион Вардар нема да го раскинат двегодишниот договор што беше потпишан пред „црвено-црните“ да бидат исклучени од Лигата на шампионите.

За реномираниот руски портал „Брз Центар“, Андреев потврди дека нема да го раскине договорот и дека откако ќе заврши оваа сезона ќе дојде во Скопје доколку Вардар добие место во Европа.

„Вардар не сака да го раскине договорот со мене кој го склучивме неодамна. Но работата е во тоа што македонската екипа не може оваа сезона да игра во Лигата на шампионите, а тоа беше сигурно кога го потпишав договорот. Тоа многу менува. 99% ќе играм во белорускиот првак Мешков Брест на позајмица следната сезона. Ако Македонците добијат место во Лигата на шампионните во сезоната 2023/24, тогаш ќе одам во Скопје“, изјави Андреев за „Брз Центар“.

Пивотменската позиција во следната сезона во Вардар, покрај капитенот Стојанче Стоилов, ќе ја сочинуваат Милан Лазаревски и Стефан Атанасовски.