Битка за втора фаза – Кој уште има шанса да влезе во трка за четврт-финале?

Денеска се играат средбите од последното, 3. коло од првата фаза на Светското првенство и ова е завршна битка за дел од селекциите да си обезбедат место во втората рунда и разигрувањето за пласман во четврт-финалето.

Ќе биде максимално интересно и возбудливо така што ќе има интересни пресметки. Дел од селекциите веќе имаат место, но ќе мора да се борат за пренесување бодови така што ова е важен натпревар и мора добро да се одработи.

Какви се шансите можеда се види според она што е досега сработено, па добро е да се види за секоја од четирите денешни групи каква е позицијата пред одигрувањето на средбите.

ГРУПА Е

Французите веќе го обезбедија своето место во вториот круг, но не смеат да си дозволат пораз бидејќи во таква ситуација можат да останат покуси за два бода за во втората фаза. Затоа мораат  до победа.

Од овој резултат ќе зависи многу и каква ќе биде тежината на другиот дуел. Норвешка не смее да си дозволи кикс против Австријците бидејќи може да остане без пласман во следната рунда и да приреди многу лошо изненадување.

Сепак, јасно е дека Франција и Норвешка се фаворити за победа денеска.

ФРАНЦИЈА – ШВАЈЦАРИЈА

НОРВЕШКА – АВСТРИЈА

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ФРАНЦИЈА33006
2НОРВЕШКА32014
3ШВАЈЦАРИЈА31022
4АВСТРИЈА30030

ГРУПА Ф

Португалијае сигурна за следната рунда, но мора да победи против Алжир за да си пренесе бодови. Овде важи истото што важи и за Групата Е.

Исланд исто така има улога на фаворит против селекцијата на Мароко, па не се очекува изненадувње.

Селекциите од Европа се фаворити против африканските репрезентации така што секој друг резултат би бил големо изненадување.

Инаку, и овде постои можност за круг на три селекции со по два бода иако тоа тешко би можело да се случи на теренот.

ПОРТУГАЛИЈА – АЛЖИР

ИСЛАНД – МАРОКО

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ПОРТУГАЛИЈА33006
2ИСЛАНД32014
3АЛЖИР31022
4МАРОКО30030

ГРУПА Г

Чиста ситуација. Македонија со победа оди во втора фаза, а Чиле во разигрување од  25. до 32. место. Египет и Шведска се борат за пренесување на бодови во втората рунда.

МАКЕДОНИЈА – ЧИЛЕ

ЕГИПЕТ – ШВЕДСКА

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ШВЕДСКА33006
2ЕГИПЕТ32014
3МАКЕДОНИЈА31022
4ЧИЛЕ30030

ГРУПА Х

Тука сите три селекции кои одат понатаму се веќе познати. Јужна Кореја со победа може да ја стигне само селекцијата на Словенија, но во меѓусебниот дуел загуби. Оттаму јасно е дека на Русите не им е важен дуелот против Корејците и можат да одмораат денеска бидејќи сигурно пренесуаат три бода.

Затоа, пак, дуелот меѓу Словенија и Белорусија ќе биде од голема важност бидејќи бодовите од оваа пресметка ќе се важат и за следната фаза.

ЈУЖНА КОРЕЈА – РУСИЈА

СЛОВЕНИЈА – БЕЛОРУСИЈА

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1РУСИЈА32105
2СЛОВЕНИЈА32014
3БЕЛОРУСИЈА31113
4КОРЕЈА30030