Словенечкото десно крило Гал Цирар е пред трансфер во домашниот шампионат во тимот на Тримо Требње, пишува „Handbalia“.
Цирар кој мина три сезони во тимот на Охрид, минатата сезона играше во австрискиот состав Холабрун.
Овој тим испадна од елитната конкуренција во Австрија, па Цирар ќе побара нов предизвик во кариерата.
Пред да дојде во Македонија, Цирар ги бранеше боите на Јерусалем Ормож и на Тримо Требње, каде би играл во пар со Јан Јуречиќ.


























