Покрај домаќинот Македонија, уште 12 селекции од Европа го потврдија настапот на Светското првенство што ќе се игра наредната година за младинци во Скопје, откако беше комплетирана групната фаза на Европското првенство што се игра во Романија.
Во Скопје наредното лето ќе играат Германија, Франција, Швајцарија, Фарски Острови, Данска, Шпанија, Исланд, Хрватска, Шведска, Романија, Унгарија и Словенија. На овие селекции ќе им се приклучат и оние што ќе се пласираат од 13 до 16 место по дуелите за пласман.
Денеска најголемото изненадување го приреди Турција, која и покрај тоа што немаше шанси за пласман во главната рунда, ја совлада Србија и ја отпиша од пласманот во ТОП 12, а си ги зголеми шансите за место на СП 2027.
Дуелот „еден на еден“ меѓу Хрватска и Норвешка заврши во корист на „коцкестите“, кој само победа ги водеше понатаму, а победничкиот гол го постигнаа во последната секунда.
На домаќинот Романија му беше требаше победа од седум гола против Израел, а на крајот славеше со осум и се пласира во ТОП 12. Утре е ден одмор на ЕП, а натпреварите продолжуваат во понеделник.
Македонија е во група со Норвешка, Австрија и Летонија во разигрувањето за пласман, па во зависност од двата меча во понеделник и вторник, ќе се знае дали ќе продолжи во разигрувањето од 9 до 16 место или 17 до 24 место.
Европско првенство, 3 коло, резултати:
група А
Грција – Германија 19-28
Португалија – Франција 29-30
група Б
Турција – Србија 30-29
Швајцарија – Фарски Острови 40-23
група Ц
Шпанија – Австрија 32-28
Летонија – Исланд 29-31
група Д
Македонија – Данска 20-34
Норвешка – Хрватска 32-33
група Е
Босна и Херцеговина – Шведска 24-38
Романија – Израел 39-31
група Ф
Словенија – Чешка 35-31
Полска – Унгарија 33-37
Европско првенство, главна рунда:
група 1: Швајцарија 2, Германија 2, Франција 0, Фарски Острови 0
група 2: Данска 2, Шпанија 2, Исланд 0, Хрватска 0
група 3: Шведска 2, Унгарија 2, Словенија 0, Романија 0
Европско првенство, разигрување за пласман:
група 1: Португалија 2, Турција 2, Србија 0, Грција 0
група 2: Австрија 2, Норешка 2, Македонија 0, Летонија 0
група 3: Израел 2, Полска 2, Чешка 0, Босна и Херцеговина 0

























