Антонио Николоски ќе игра во Израел

Некогашниот кадетски и младински репрезентативец на Македонија, Антонио Николоски, ќе има нов предизвик во странство.

Левиот бек, кој во пролетниот дел од сезоната беше дел од босанската Слога Добој, ќе заигра за Макаби Димона, потврди израелскиот тим.

Николоски потекнува од составот на Младост Богданци, беше важна алка од овој клуб, до минатата сезона кога за првпат реши да се проба во странство.

За овој второлигаш кој минатата сезона не успеа да обезбеди пласман во елитата, играше левото крило Христи Бикоски.