📷 ИХФ ја претстави топката за СП 2027 – еве како ќе изгледа новото „оружје“ на светските ѕвезди

Светската ракометна федерација и долгогодишниот партнер „Молтен“ официјално ја претставија топката со која ќе се игра Светското првенство во 2027 година во Германија.

Новата топка е дизајнирана специјално за јубилејното 30-то издание на Мундијалот и ги комбинира традиционалните германски бои со модерен дизајн, инспириран од визуелниот идентитет на шампионатот.

Според ИХФ, новата топка е развиена со најсовремена технологија со цел да понуди подобра контрола, стабилност при додавањата и максимални перформанси за играчите на најголемата светска сцена. Првенството во Германија ќе се игра во шест градови – Минхен, Штутгарт, Кил, Магдебург, Хановер и Келн.

Македонија е во група со Исланд, Бахреин и Јапонија и ќе ги игра своите натпревари во „ГЕТЕК Арена“ во Магдебург.