Уште една шпанска легенда му кажа збогум на ракометот!

По Раул Ентрериос, Хозе Мануел Сиера…уште една шпанска легенда ја заврши играчката кариера.

Средниот бек Даниел Сармиенто Мелиен реши да му каже збогум на ракометот на 38 години, иако имаше опција да продолжи да игра.

Тој оди во пензија како член на францускиот Сен Рафаел, каде што ги мина последните седум сезони.

Потекнува од составот на Галдар, играше за Алмерија, а седум сезони го носеше дресот на каталонскиот гигант Барселона.

За Шпанија одигра 147 натпревари на кои постигна 283 погодоци. Со националниот тим освои злато на СП 2013, како и на ЕП 2018 и 2020.