Ристовска и ЦСКА со пеколен финиш до триумф против Ростов, ги дели уште еден меч до титула!

Тимот на ЦСКА Москва каде што игра македонската репрезентативка Сара Ристовска, ја доби првата финална пресметка во рускиот шампионат.

ЦСКА на домашен терен славеше со 32-28, иако на неколку минути до крајот резултатот беше 27-27.

Македонското десно крило на теренот мина 51 минута и постигна три погодоци на овој тежок натпревар.

Со пеколен финиш, избраничките на Олга Акопјан стигнаа до плус четири, а доколку ремизираат или победат во Ростов, ќе бидат шампионки на Русија.

Вториот натпревар се игра на 30 мај, а доколку има потреба од трет меч тој ќе се игра на 2 јуни.