Младост Богданци пред потпис со лев бек од Молдавија

Откако преговорите со левиот бек Петар Абрамовиќ од Црна Гора немаа среќен крај, новиот суперлигаш Младост Богданци е во потрага по ново засилување на таа позиција.

Се чини потрагата ќе заврши во Молдавија, од каде што би требало да дојде левиот бек, кој одлично се снаоѓа и средната бековска позиција, Александар Лупашко.

Последната сезона ја мина во францускиот третолигаш Сегре, а претходно беше еден од најдобрите стрелци во тимот на Картина Тираспол, за кој играше во два наврати. Беше член и на израелскиот Хапоел Рамат Ган во сезоната 2017/2018.

Своевремено во Младост одличен впечаток остави молдавскиот голман Денис Потапкин, кој се уште е активен и на 41 година, токму во тимот на Картина Тираспол.

Тимот од Богданци досега се засили со пикерот Василевски, како и со десните крила Стојчевски и Димитров.