Макуц останува во Барса до 2026 година!

Словенечкиот репрезентативец Домен Макуц нема да замине во данскиот Алборг, туку го продолжи договорот со каталонскиот гигант Барселона.

Младиот плејмејкер потпиша нов договор до 2026 година, а актуелниот беше со важност до крајот на сезоната 2023/24.

Макуц претходно беше дел од Целје, а како одминува неговиот престој во „Блауграна“, така добива се поголема улога и минутажа во европскиот првак.

Покрај Макуц, договорите со Барса ги продолжија Јанц, Лангаро, Мем, Н’гесан, Де Варгас…