Македонија во тешка група – ќе игра во Дебрецен со Данска, Словенија и Црна Гора!

Машката сениорска репрезентација на Македонија ги доби противниците во групата на Европското првенство во Унгарија и Словачка следната година.

Избраниците на Кире Лазаров ќе играат во групата А против селекциите на Словенија, Данска и Црна Гора.

Град домаќин на оваа група ќе биде унгарскиот Дебрецен.

Ова за Македонија е седми настап на континенталните собири, а шести по ред. ЕП во Унгарија и Словачка ќе се игра од 13 до 30 јануари 2022 година.