Кузмановски: „Новата“ Македонија има квалитет да се надигрува со сите

Машката репрезентација на Македонија ја дозна групата на Европското првенство што ќе се игра следната година.

Избраниците на Кире Лазаров ќе се соочат со Словенија, Данска и Црна Гора, а Филип Кузмановски вели дека „новата“ Македонија сака да докажува против најдобрите.

„По Мундијалот свртивме нов лист со нов предводник. Во националниот тим владее одлична атмосфера и кај сите ракометари има голема жалба за докажување. Уште во квалификациите можеше да се види една нова Македонија, која што сака да се докажува и против најдобрите на светот. Мислам дека имаме квалитет да се надигруваме со сите, а тоа го покажавме со Данска. Сега повторно имаме шанса да играме со Данска, селекцијата за која не треба да се трошат зборови, но ниту останатите два ривали не се лесни. Наше ќе биде да продолжиме напорно да работиме и да се надградуваме, а се надевам дека и нашите навивачи ќе можат да ни ја дадат поддршката на ЕП“, изјави Кузмановски.

Македонија на 13 јануари ќе се соочи со Словенија, на 15 јануари ќе игра со Црна Гора и на 17 во последниот дуел ќе се сретне со Данска.