Данска останува на максимум, одработи рутински против Бахреин

Актуелниот светски и олимписки шампион Данска останува на максимум и по три кола од групната фаза на Олимписките игри во Токио.

По триумфите над Јапонија и Египет, избраниците на Николај Јакобсен, забележаа убедлива победа и над Бахреин со 31-21.

Победата беше најавена уште по првиот дел кога Данците водеа со плус пет, 12-7, а во второто полувреме предноста беше само удвоена.

Гидсел и Хансен постигнаа по шест гола во составот на Данска, додека кај Бахреин, Ал Макаби даде пет погодоци.