Вардар со шестмина кадети против Војводина!

Тимот на Вардар во вторник на 27 април го очекува мечот со српскиот шампион Војводина, кој е последен од групната фаза во регионалната СЕХА лига.

Со оглед на тоа што се работи за термин во рамките на ЕХФ неделата, „црвено-црниот“ тим нема да биде комплетен поради отсуството на репрезентативците. Чупиќ, Шеваљевиќ и Валчак ќе бидат со Полска, Црна Гора и Хрватска во квалификациите за ЕП, додека ќе бидат отсутни и најголем дел од македонските репрезентативци – Талески, Кизиќ, Мишевски, Стоилов, Георгиевски, Јагуриновски…

Но тренерот Стевче Алушовски ќе смета на шестмина кадети од генерацијата 2003/04, кои веќе се пријавени за настап во регионалното натпреварување.

Станува збор за голманот Никола Спасовски (17/181/78), левиот бек Никола Анакиевски (18/92/192), средниот бек Виктор Трифуновски (18/85/88), левото крило Марио Стојановски (17/80/183), пивотот Александар Стојменов (17/85/181) и десното крило Матеј Трајановски (17/80/180).

Натпреварот против Војводина се игра на 27 април со почеток во 17:00 часот. За Вардар има две опции – ако ремизира или победи, го скока осминафиналето во СЕХА и ќе игра директно во четвртфиналето против Веспрем. Доколку загуби го избегнува унгарскиот гигант, но ќе мора да игра и осминафинален двобој.

Вардарци сами решаваат – го „сакаат“ Веспрем или не