Ракометарката на Металург Автокоманда, Мила Трајковиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 8. коло во Женската лига.
Левото крило одигра без грешка во дуелот со Шампион и го водеше својот тим до убедлива победа од 56:13.
Трајковиќ на теренот мина само 30 минути и постигна дури 14 погодоци, но и подели неколку асистенции кон своите колешки.
23-годишната ракометарка освои околу 47% од гласовите на читателите на 24Ракомет.
На второто место заврши членката на Струга, Мендувие Далипоска, која освои 37%, додека во конкуренција за ѕвезда на 8. коло беше и Озкан Севнадур од Чаир.