Членката на Металург Автокоманда, Јана Ѓошевска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 8. коло од плеј-оф фазата.
Младата ракометарка беше една од најдобрите во победата над Куманово, натпреварот го заврши како најефикасна со девет погодоци и неколку асистенции.
Ѓошевска на гласањето доби околу 77% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласирана беше Ана Вранчиќ од Ѓорче Петров со 12%.
Во конкуренција за ѕвезда на 8. коло од плеј-офот во Женската лига беше и левото крило од Чаир, Стефанија Ѓорѓиевска.