ЅВЕЗДА НА 26. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА – МОНИКА БОСИЛКОВСКА (ПЕЛИСТЕР)

Ракометарката на Пелистер, Моника Босилковска, го доби признанието за најкорисен играч, односно за ѕвезда на 26. коло во Женската лига.

Десното крило на битолскиот тим во пелагониското дерби против Деспина одигра на висина на задачата и со 13 погодоци ја предводеше својата екипа до победа.

Битолчанката доби околу 67% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласирана беше Теодора Гулицоска од Металург Автокоманда со 25%.

Во конкуренција за ѕвезда на 26. коло беше и голманката на Ѓорче Петров, Матеа Чурлиновска.