ЅВЕЗДА НА 16. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА – БОЈАНА ДИНЕВСКА (ЧАИР)

Ракометарката на Чаир, Бојана Диневска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 16. коло во Женската лига.

За Диневска ова е прво МВП признание, додека за нејзиниот клуб трето признание, двапати за ѕвезда на колото беше избрана Теодора Дукоска.

Левото крило во натпреварот против Стружанка имаше девет погодоци од десет обиди,  но и седум асистенции, со што беше меѓу најзаслужните за високиот триумф.

Членката на Чаир доби околу 50% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласираната Моника Босилковска од Пелистер имаше еден процент помалку, односно 49%.

Во конкуренција за ѕвезда на 16. коло беше и ракометарката на Металург Автокоманда, Михаела Кралева.