Ракометарката на Астибо, Марија Анчева, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 10. коло во единственото женско сениорско натпреварување.
За искусната ракометарка ова е второ признание, откако во 3. коло, исто така беше прогласена за ѕвезда на колото.
Анчева одигра клучна улога во победата против Спартак и со десет погодоци го предводеше нејзиниот тим до победа.
Најдобриот стрелец од минатата сезона на гласањето го освои првото место, доби околу 55% од гласовите на читателите на 24Ракомет.
Прв конкурент и беше ракометарката од Металург Автокоманда, Теодора Гулицоска, која имаше 42%. Во конкуренција за ѕвезда на 10. коло беше и Емилијана Ризоска од Ѓорче Петров.