Една од најдобрите ракометарки на денешницата – Андреа Лекиќ остави голема трага во македонскиот ракомет. Искусната Лекиќ беше дел од ѕвездениот тим на Вардар, а по распадот на големиот проект промени неколку станици, сега настапува во унгарскиот Ференцварош.
Лекиќ во интервју за српскиот портал „Моцарт Спорт“, разговараше на многу теми, една од нив беше ситуацијата во женскиот клупски ракомет.
Пред извесен перид трикратниот европски шампион Вајперс Кристијансад беше пред банкрот, додека на стартот на сезоната Будуќност имаше големи финансиски проблеми.
,,Нас секогаш ни е тешко во ракометниот свет кога ќе се случи таква криза, Знам дека нема многу големи клубови, проекти, пари… Жално е тоа што му се случи на Вардар каде што поминав пет убави години. Слушаме позитивни најави од Норвешка во врска со Вајперс Кристијансад. Имаше голема криза, се закануваше банкрот, но од она што го знам сега е многу подобро, успеаја да најдат спонзори и да продолжат да функционираат нормално“, изјави Лекиќ.
Србинката во Вардар играше од 2013 до 2018 и со „Црвено-црните“ пет пати беше дел од Ф4 турнирот во ЛШ.