Српскиот шампион Војводина иако на свој терен го совлада Кадетен Шафхаузен со 24:21 во натпревар од последното коло од главната фаза во Лигата на Европа, сепак, не обезбеди пласман во осминафиналето.
Избраниците на Борис Ројевиќ требаше да триумфираат со четири, или со поголема разлика, бидејќи на првиот дуел во Швајцарија беа поразени со 27:24, па така швајцарскиот тим ќе се бори за пласман во четвртфиналето.
Војводина во минатата сезона го освои трофејот во Европскиот Куп и во оваа сезона имаше амбиции да направи забележителен успех во Лигата на Европа, но во главната фаза доби силни ривали.
Директен пласман во четвртфиналето обезбедија екипите на Нант, Скјерн, Фленсбург и Спортинг Лисабон.
Во осминафиналето, освен Кадетен Шафхаузен, ќе играат уште екипите на Рајн Некар, Хановер, Нексе Нашице, Савехоф, Силкеборг, Фуксе Берлин и Констанца.
Лига на Европа, главна фаза, 4. коло, резултати:
Група А
Рајн Некар – Забже 27:23 (10:8)
Нант – Хановер 33:26 (13:15)
Група Б
Савехоф – Нексе 34:28 (17:15)
Горење – Скјерн 24:29 (14:13)
Група Ц
Силкеборг – Фленсбург 26:45 (17:19)
Војводина – Кадетен 24:21 (11:8)
Група Д
Динамо – Спортинг 27:31 (11:15)
Фуксе – Констанца 35:31 (16:19)