Загреб се распадна во финишот, Ремили ги “надитри” лисиците во Берлин

Вечерва со два натпревари беше комплетирано првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите.

На победа во првото коло се радуваше Келце, тимот на Талант Душебаев триумфираше против Загреб со 30:23 (13:13).

Претставникот на Хрватска парираше до 50 минута, а во последните десет минути домаќините целосно ги надиграа „плинарите“.

Во групата А, во која се наоѓа и македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, унгарскиот шампион Веспрем триумфираше над Фуксе Берлин со 32:31.

Избраниците на Чави Пасквал победата ја обезбедија со подобрата игра во вториот дел, откако на пауза беше 16:16.

Голема заслуга за победата на Веспрем имаше голманот Родриго Коралес, кој натпреварот го заврши со 16 интервенции, додека во нападот предводник беше Недим Ремили со 11 погодоци.

Хенеберг не можеше сам против Динамо, Миклер „спушти ролетна“ за триумф над Магдебург