Загреб на шопинг во Бешикташ

По средниот бек Игор Белјавски, хрватскиот првак Загреб, носи уште едно засилување за следната сезона.

Станува збор за десниот бек Михајло Радојковиќ, кој во моментов е член на турскиот шампион Бешикташ.

Радојковиќ ќе биде замена за екс вардарецот Куни Моралес, кој кариерата ќе ја продолжи во унгарската Татабања.

Српскиот десен бек ќе му се придружи на Лука Ловре Кларица на десната бековска позиција, а претходно беше член на Партизан, Тримо Требње, Дунареа, Ал Сад…