Македонската репрезентативка Ивана Гакидова ќе има нов предизвик во кариерата наредната сезона, но ќе остане во полскиот шампионат.
Таа потпиша договор со тимот на Калиш, каде друштво ќе и прави уште една Македонка – Драгана Петковска. Гакидова минатата сезона ја мина во Кобержице, а претходно настапуваше за романската Слатина.
Македонската репрезентативка ја започна кариерата во школата на Кастратовиќ, а на домашна сцена ги носеше дресовите на Металург и Вардар.
На меѓународна сцена настапуваше за турската Анталија, норвешкиот Молден, француските Стразбург и Стела Сен Маур, чешкиот Бањик Мост и српската Наиса Ниш.
Во полскиот шампионат оваа сезона ќе настапуваат пет Македонки – Марија Гугуљанова (Пјотрковија), Јована Кипријановска и Ивана Арсениевска (Старт Елблаг) а Ивана Гакидова и Драгана Петковска ќе бидат дел од Калиш.
























