Забава меѓу тренинзи – кој е најдобар „покераш“ меѓу ракометарите (ВИДЕО)

Машката репрезентација на Македонија се наоѓа на подготовки во Стара Пазова за претстојното Европско првенство во Германија.

Ред тренинзи, ред забава – така поминуваат деновите во Србија пред пријателскиот натпревар со селекцијата на Црна Гора.

Пинг понг, Не лути се човече и останати друштвени игри се на менито на ракометарите во слободното време.

Избраниците на Кире Лазаров одиграа и партија покер, а кој беа најдобрите тројца играчи, погледнете во видео прилогот…