За крај на првата фаза од подготовките – Македонија на испит против Србија

Машката репрезентација на Македонија ги привршува подготовките за настапот на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка.

По двете пријателски средби против Нови Београд (85-44) и Динамо Панчево (51-46), следува посериозен испит за избраниците на Кирил Лазаров.

На 29 декември ќе се одигра третиот пријателски натпревар во Стара Пазова против селекцијата на Србија.

Србите се во изменет состав во споредба со последната акција и имаат неколкумина младински репрезентативци и некои што имаат помала минутажа.

Натпреварот меѓу Македонија и Србија ќе се игра утре со почеток во 18:00 часот.